„ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да излезе на повторените локални избори“: СДСМ ја повлекува кандидатурата за градоначалник на општина Маврово Ростуше

од Берта Китинска

За жал ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да излезе пред вас, пред граѓаните на Маврово и Ростуше на повторените локални избори кои треба да се одржат на 17 април.Знаат многу добро во ВМРО-ДПМНЕ дека ги чека пораз, знаат дека како градоначалник на чело на општината во изминатите години реализиравме бројни проекти во делот на локални патишта, паркинзи, водоводни и одводни мрежи, локални улици и слично, вели Медат Куртовски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Маврово и Ростуше., додавајќи дека можеби тие немаат ниту личност која би се нафатила да биде нивен кандидат.

Тој вели дека поради тоа што нема против кандидат ја повлекува неговата кандидатура.

-Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема против кандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат.Јас како одговорен и совесен човек, но и СДСМ како државотворна и одговорна партија на кои на прво место ни се граѓаните донесовме одлука да ја повлечеме нашата кандидатура.Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни, вели Куртовски.

Слични содржини