ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи пописот, изјави Мицкоски

од Nikola Popovski

„ВМРО-ДПМНЕ нема поддржи ваков попис како што планира Зоран Заев. Со ваков попис како што планира тој ќе излезе дека Македонија има три милиони жители“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Тој дава предлог да се набават 10.000 терминали и да попише резидентно население, а не замислено население.

„И да знаеме колку население точно имаме. До ден денеска не е јавно презентирана методологијата на попишување. Знам дека има, но зошто таа методологија пред да влезе во Службен весник не ја дадат на опозицијата, па и опозицијата да се изјасни“, вели Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија додаде дека сите предлози ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преточи во амандмани.

Слични содржини