ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на раководството на ЕЛЕМ го доведуваат во опасност енергетскиот систем

од Vladimir Zorba

„Неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК Битола и ЕЛЕМ го доведуваат во опасност енергетскиот систем во Македонија. Наместо да бараат одговорност и оправдување во временските услови или опозицијата раководството треба да одговори зошто од 18 јули 2020 РЕК Битола работи само со еден блок?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто најголемиот багер за ископ на јаглен повеќе од еден месец е надвор од употреба?

Зошто енергетските компании ги претрупуваа со партиски и непотистички вработувања?

Зошто цело време се прават скандалозни тендери со кои се испумпуваат народните пари?

Зошто на крајот од бараа поскапување на струјата од 7,5%, а според тврдењето на регулаторна и 25% кога беа до пред некој месец енергетски шампиони?

Ова се вистинските одговори што јавноста ги бара од нив.

Очигледно дека матните зделки, неспособноста и недомаќинското работење на енергетските власти сега сакаат да го покриваат со повисоки сметки за струја и со тоа директно да влијаат на стандардот на граѓаните“, додаваат оттаму.

Слични содржини