ВМРО-ДПМНЕ очекува Ковачевски и СДСМ да ја поддржат интерпелацијата за Џафери

од Nikola Popovski

Автократот од Форино, Талат Џафери не е достоен да го води законодавниот дом. Тој во клучната демократска институција со своето самоволие ги лиши пратениците од слободно движење, да им заклучува врати и да ги држи како заложници, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата потсетува дека Џафери со ова свое дејствие сторил кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува.

-Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Да потсетиме дека Џафери во рок од десетина дена влегува од скандал во скандал. На заклучувањето на пратениците му престоеше пцуење, навредување и дерење кон службениците во собранието, но и скандалот со средбата со чеченски политичар кој што е близок со режимот во Кремљ, кој е директен ризик по безбедноста. За сето ова Џафери ниту се извинува, ниту има намера да поднесе оставка, велат од најголемата опозициска партија.

ВМРО-ДПМНЕ очекува премиерот Димитар Ковачевски и СДСМ да ја поддржат интерпелацијата за Џафери, за како што велат „во спротивно ќе покажат дека поважни им се фотелјите од демократијата и личната кариера кои им зависат од ДУИ“.

Слични содржини