ВМРО-ДПМНЕ падна прениско, дезертерот Драган Ковачки злоупотребува починати лица, велат од СДСМ

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ падна прениско, дезертерот Драган Ковачки злоупотребува починати лица.ВМРО-ДПМНЕ падна прениско. Ова што го прави очајниот шпицен градоначалник Христијан Мицкоски е под секое човечко, културно и политичко ниво, регираат од СДСМ во врска Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Не поминаа селективно фабрикуваните лаги за претседателот Ковачевски и сега Драган Ковачки оди уште пониско, злоупотребува починати лица.

-Зарем за ВМРО-ДПМНЕ е нормално за политички цели да се злоупотрбува трагичната судбина на починатиот Александар Ковачевски, на кому му починаа две деца?До толку ли ниско се паднати да немаат ниту срам ниту елементарно достоинство?Политичката култура на СДСМ не дозволува дебатата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски мисли дека на ваков начин ќе отргне внимание од јавноста за криминалните скандали во град Скопје, за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и фактот што загуби на вонредните локални избори?ВМРО-ДПМНЕ не се менува, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана, веллат од СДСМ.

Пратеникот Драган Ковачки го прозва премиерот Димитар Ковачевски да се охрабри и да каже дали е трајно неспособен.

-Што е толку тешко? Нема трето. Или си трајно неспособен или си лажел. И едното и другото се подеднакво лоши, бидејќи таков човек не смее да ја води државата. Тогаш кога дезертерот Ковачевски ќе одлучи да одговори, нека одговори и дали за впишување на неговата состојба како трајно неспособен помогнал и негов близок роднина Александар Ковачевски кој во тоа време бил началник во Министерството за одбрана и одговорен за Куманово?, прашува пратеникот.Ковачки прашува дали дезертерот Ковачевски ја злоупотребил моќта на својот близок роднина и избегал од служење војска и од регрутација во 2001 година?, праша тој.

Слични содржини