ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа во вода сите тврдења дека состојбата е под контрола

од Nikola Popovski

Со денес објавените мерки, Заев и Филипче признаа дека свесно одеа на жртвување човечки животи за да реализираат неточен попис, иако знаеја дека состојбата е алармантна и дека одредени мерки требаше да се преземат многу порано, обвини пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според него, паднале во вода сите нивни тврдења дека состојбата е под контрола, дека системот е добро организиран и дека нема потреба од нови мерки, како што изјавуваа пред само една недела.

„Ова е уште еден доказ дека неспособната и криминогена власт директно ги загрозува животите на граѓаните на Република Македонија. Последни сме во процесот на вакцинација, а први на листите на смртност. Состојбата ескалира со недели, но истата беше игнорирана за да може да го спроведат лажниот попис. За свесното жртвување човечки животи заради политика и политизација мора да има одговорност. Граѓаните гледаат се повеќе и повеќе со какви некадарници си имаат работа. Секоја измината минута во која животите на граѓаните зависат од ваква неспособна и криминогена власт носи ризик за животите на сите нас“, рече Лефков.

Слични содржини