ВМРО-ДПМНЕ: Почнаа промените во општините, градиме нова иднина

од Берта Китинска

Почнаа промените во општините, градиме нова иднина. Во општините кај што управуваат градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за една недела се отпочнати 5 капитални проекти, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека граѓаните ќе можат да ја увидат разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

-Денес со сериозна динамика се реализираат проекти од страна на градоначалници предводени од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ 4 години наместо за граѓаните ги потроши за криминал и корупција.

Во Охрид отпочнува реализација на булеварот „Македонски просветители“ кој опфаќа комплетно булеварско решение со двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и секако две коловозни ленти кои што ќе се движат во двата правци. Овој проект наместо до сега да биде завршен, сега целосно документациски се докомплетира и се очекува да заврши во рок од неколку месеци.

Во општина Гази Баба се асфалтира улица во Трубарево и се започна капитален проект за фекална канализација во населеното место Страчинци. Отпочна и изградба на фекална канализација во должина од 1.100 метри во општина Кисела Вода, во населбата Драчево, а во Илинден веќе реализира проект – ново училиште, кое ќе овозможи целодневна настава и ќе има и сензорна соба за деца со посебни потреби.

Промените и новиот пристап на работа кој го нудат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ веќе може да се види.  На тој  пристап народот му даде доверба на последните избори, затоа што на народот му беше преку глава од неспособноста, неработењето и криминалот на власта на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини