ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична за тендерот за водоводната мрежа на „Варшавска“

од Берта Китинска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во изјава за медиумите кажа дека до ОЈО поднеле кривична пријава за  тендер од страна на двоецот Шилегов – Весковски.

-Онака како што и самите кажавме изминативе неколку денови откако објавувавме докази за сериозен криминал односно наместен тендер од страна на двоецот Шилегов – Весковски во јавното претпријатие Водовод и онака како што и претседателот Мицкоски најави на ТВ дуелот, денеска ја поднесовме кривичната пријава до секторот за организиран криминал, до јавното обвинителство. Каде што јавното обвинителство и Вилма Русковска треба да отворат случај за да го истражат до крај и да понесе некој одговорност за овој сериозен криминален предмет кој што се случи во јавното претпријатие Водовод, ова денеска преку изјава Арсовски.

Слични содржини