ВМРО-ДПМНЕ: Поплавата во Суводол е заради неискуство

од Берта Китинска

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поплавата во Суводол е резултат на нестручност, соопштението го пренесуваме во целост:

-Хаваријата која се случи изминативе денови во РЕК Битола е вистинската слика за раководењето на СДСМ и ДУИ со енергетскиот систем во државата. Единствено што се грижи оваа криминална власт за енергетиката е тоа како може повеќе да се украде од РЕК Битола.Поплавувањето во рудникот Суводол е резултат на неискуството, нестручноста и непочитување на соодветната рударска документација при вршењето на ископ на јаглен.Состојбата што е актуелна овие денови е резултат на интензивни врнежи со кратки траења кои паднале во оквир на контурите на површинскиот коп Суводол. Во рударската документација се пропишува според начинот на заштита на рудникот од површински води, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини