ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од 20 дена не се издаваат лични карти

од Nikola Popovski

Лични карти не се издаваат и повеќе од 20 дена. Граѓаните за лична карта чекаат и повеќе од месец дена, а во последните 20 дена не е издадена ниту една лична карта. Ова е дебакл на системот за кој виновна е власта, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според нив, Спасовски со нефункционалноста на МВР и неиздавањето на лични карти го крши и Законот за лична карта кој јасно пропишува во својот чл.12 дека личната карта се издава во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за издавање.

-Власта ги става граѓаните во голем ризик, но и во голема штета. Една од потребите за постоење на организирана власт е и обврската да им пружа услуги на граѓаните. Со Заев и Спасовски власта не го исполнува и овој услов за свое постоење. Заев и Спасовски целосно потфрлија и за тоа треба да има одговорност, стои во партиското соопштение.

Слични содржини