ВМРО-ДПМНЕ повикува да се разгледа нивниот предлог за зголемување на ликвидност во ПИОМ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повикува сериозно да се разгледа нашиот предлог почнувајќи од март оваа година делот од придонесот за пензиско-инвалидско осигурување кој се насочува кон едно од трите пензиски друштва за капитално финансирано пензиско осигурување (приватни пензиски фондови), одреден временски период додека трае кризата и последиците од неа да се уплаќа во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија“, вели денеска Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа поддршка му е неопходна на државниот пензиски фонд со оглед на тоа што речиси 100% од пензиите на тековните пензионери се исплаќаат од овој фонд и дури и во нормални околности недостигот на средства државата го надополнува со трансфери од државниот буџет. Значи, не станува збор за некакво зафаќање на средства на осигурениците кои се акумулирани на нивните сметки кај приватните пензиски друштва, кое што видовме го направи Владата на СДСМ изминатата година, како што сега сака да манипулира од страна на власта и медиумите под нивна закрила. Дури може да се размислува во иднина, кога ќе се стабилизираат состојбите, осигурениците да се компензираат за висината на овие средства кои времено ќе се пренасочат кон ФПИОМ за непречена и навремена исплата на пензиите“,посочува Славески.

Слични содржини