ВМРО-ДПМНЕ предлага Закон за легализaциja на трговијата со криптовалути без ДДВ

од Берта Китинска

Треба да се легализира на трговијата со криптовалути и тоа без ДДВ. Предлог законот ќе опфаќа и даночно ослободување со 0% данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до 2023 година, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Трговијата и чувањето на криптовалути е веќе возможно во развиените земји. Во САД Пеј пал веќе нуди на своите клиенти трговија со криптовалути, а во Германија над 40 банки вршат размена и плаќање со криптовалути.
Да не чекаме иднината да дојде, туку да ја донесеме иднината.Со формализирање на трговијата и чувањето на криптовалутите се создава правна сигурност на тргувачите и се овозможуваат големи приходи за буџетот.Со ова предлог решение може да се генерираат и до половина милијарда евра во буџетот.Време е да се свртиме кон иднината. Време е за напредни технологии и развој. Време е за Македонија за сите луѓе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини