ВМРО-ДПМНЕ предлага зголемување на пензиите за 20 отсто

од Берта Китинска

Секој пензионер има право да живее пристојно, со доволно средства да ги подмири основните трошоци за храна, греење, лекови итн. Со растот на минималната плата, соодветно е да растат и пензиите, со цел обезбедување на рамноправност и еднаквост на пензионерите со останатите граѓани, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски објаснувајќи го предлог-закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување кои опозицијата го поднесе, по скратена постапка, со кој се предвидува зголемување на пензиите за 20 проценти од април 2022 година.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, изјави дека треба да се обезбеди зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови пензии, имајќи го предвид порастот на цените на одделни производи и електричната енергија, како и потребата од подобрување на животниот стандард на највозрасните граѓани.

-Цениме дека со предложеното законско решение ќе се подобри социјалната положба на корисниците на пензија во 2022 година со порастот на сите видови на пензија за 20 проценти. Преку оваа форма на усогласување ќе се зачува реалната вредност на пензиите и се заштитува стандардот на пензионерите, рече Мицевски.

Слични содржини