ВМРО ДПМНЕ продолжува со протестите пред Министерството за здравство

ВМРО ДПМНЕ денес заедно со Градскиот комитет при партијата,  го стартуваа протестот пред Министерството за здравство.

Учесниците на протестот беа снимани и фотографирани преку прозорците од просториите во министерството.

На протестот беа истакнати повеќе пароли до министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев за ситуацијата во која е доведена Македонија со енормно голем број на заразени и починати од коронавирусот.

На протсетот се обратија повеќе говорници кои упатија критики поради негрижата на власта за здравјето на граѓаните.

Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се протестот мред Министерството за здарвство под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“, им порача на припадниците на МВР наместо да го чуваат министерството и министерот да одат да си ја работат работата.

„Поздрав за припадниците на МВР, кои наместо да одат и да ловат нарко босови и шверц на дрога ги натерале да бидат тука и да го чуваат Венко. Од што се плашиш Венко? Тука сме четврта сабота за да им порачаме да дадат оставка, а им ја бараме затоа што не им текнува, а ако дадат оставка ќе го немаат хиликоптерот да се провозат, нема да им се затвораат планини за да се возат со моторни санки или да им затвораат автопати за да се возат со скапите мотори. Минатата сабота се обидовме да го измиеме срамот и стигнаа пораки зошто со толку малку балони вода сме го миеле срамот, па велам ако они прават симулација на вакцинирање ние можеме да пробаме симулација на миење на срамот“, рече Нелоски.

Слични содржини