ВМРО-ДПМНЕ: Првата доза вакцини од Фајзер се доволни само за еден град колку Злетово

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ реагираше денес на изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче за информацијата за вакцините на Фајзер.

Според нив, ова се случува со недозволиво доцнење и станува збор за многу мала доза на вакцини.

„Ова е доволно да се вакцинира отприлика само еден колку Злетово кој брои помалку од три илјади жители. Филипче продолжува со некакви полуинформации дека во директни преговори се обезбедени 800.000 дози за цела 2021. Детали за тоа кога и колку вакцини ќе стигнат нема“, се потенцира во партиското соопштение на опозицијата.

Во него се потенцира и дека додека во Македонија дополнително ќе се утврдува динамиката, регионот и земјите од ЕУ имаат многу јасна слика или детален план.

5850 дози од вакцините од фајзер во Македонија ќе стигнат во февруари, а во директни преговори обезбедени се 800.000 дози за цела 2021, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Договорот бил дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата.

 

Слични содржини