ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ киднапираа пратеник

од Nikola Popovski

Од ВМРО-ДПМНЕ попладнево излегоа со соопштение во кое уште еднаш повторија дека „СДСМ и ДУИ киднапираа пратеник за да можат да останат да крадат“.

-СДСМ држи во заложништво човек за да продолжат тендерите во РЕК, скапите набавки на струја, провизиите за вакцини. СДСМ направи циркус од собранието за да продолжат со неодговорност за 14 живи изгорени луѓе во Тетово, за најголемата смртност од КОВИД во Европa. СДСМ ја уби демократијата денес. Затоа сме на 111 место на листата на Транспаренси и уште ќе тонеме, стои во партиското соопштение.

Денес во Собранието требаше да се гласа за недоверба на Владата, но седницата немаше кворум, затоа што опозициските партии плус БЕСА останаа со само 60 пратеници.

Пратеникот на БЕСА, Кастриот Рецепи не беше присутен во Собранието и не беше достапен, а според неговите објави на Фејсбук, тој информира дека е здрав и добар, но добивал закани од одредени медиуми. Исто така додаде дека откако ќе престанат заканите, тој ќе се појави во јавноста и ќе ја каже целата вистина за неговото исчезнување.

Слични содржини