ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ не сакаат да се расправа за градбата на модуларните болници

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ бара во парламентот да се формира анкетна комисија за утврдување на фактите и на политичката одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница.

Од партијата преку соопштение коментираат дека власта се плаши од вистината.

„СДСМ – ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше поттикната да побара расправа пред сè поради многуте нејаснотии врзани со начинот на градба, немањето на употребна дозвола и сериозните пропусти при градбата на модуларните болници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, Заев, Филипче и Хасани се главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај.

Слични содржини