ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека нашата партија стои зад одлуките на Уставен суд

од desk3

ВМРО-ДПМНЕ стои зад измените, а не зад одлуките, во Законот за помилување што беа предложени до Уставниот суд во 2009 година со кои е предвидено да не може да има помилување за одредени категории осуденици, како тие на кои им е одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично, стои во соопштението на владејачката партија.

vmro-dpmne

„СДСМ во 2009 година, кога се гласаа измените во Законот за помилување, беше строго против измените со образложение дека истите биле спротивни на Уставот. СДСМ тогаш дури и ја напушти седницата во знак на револт и противење на измените на Законот што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ. Остануваме на ставот дека секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболиран од Бранко Црвенковски. СДСМ продолжува во својот препознатлив стил и шема на манипулирање да се обидува да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО-ДПМНЕ стоела зад одлуките на Уставен суд“, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука затоа што Специјалното јавно обвинителство го побарало и предметот за педофилија, кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот „Пуч“.

 

META

loading...

Слични содржини