СДСМ одамна го изгуби кредибилитетот да говори за минималната плата и работничките права, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Драган Тевдовски, претседател на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ.

VMRO-DPMNE-Zgrada

„СДСМ затвори 684 фабрики и остави на улица над 200 илјади работници. Лагите на СДСМ и лицемерната грижа за работниците веќе не минуваат. СДСМ е партијата која ја кажа најголемата лага ветувајќи дека ќе вработат по еден член од секое семејство. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја намали невработеноста на рекордни 24 отсто, воведе минимална плата и благодарение на економските мерки речиси двојно ја зголеми просечната плата. Затоа СДСМ ќе биде катастрофално поразен на 11 декември“, стои во реакцијата на владејачката партија.

МЕТА

Слични содржини