ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата

од Vladimir Zorba

СДСМ три години ја уништува државата. Република Македонија е жртва на неодговорноста, криминалот и корупцијата на власта. СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата. Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговори. Наместо на реформи и унапредување на системот, Заев се фати за криминал, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ утринава.

Република Македонија, според партијата на Мицкоски, треба да добие датум за почеток на преговори заради иднината на државата и граѓаните. Но СДСМ во секој случај треба да си замине. СДСМ не е способна да ги преземе реформите кои се нужни, ниту пак може да ја придвижи државата напред.

„Зоран Заев наместо на државата своето владеење го посвети на семејството Заев. Наместо на реформи, се посвети на милионите кои ги вртат семејните фирми. Со СДСМ и Заев на чело Македонија само доживува неуспеси. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, се додава во соопштението.

Слични содржини