ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во очај шират лажни вести дека некој лобира Македонија да не добие датум за преговори

од Берта Китинска

Кој во СДСМ го мести Костадинов со вакви смешни прес конференции? Костадин Костадинов и СДСМ во очај шират лажни вести дека некој лобира Македонија да не добие датум за преговори со Европската Унија. Тоа е обично алиби за претстојниот пораз кој ќе им се случи на 12-ти април, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и работи Македонија да ги забрза евроинтеграциите. Тоа е за добро и на Македонија и на граѓаните. За разлика од СДСМ кои секогаш биле водени од тесно партиските интереси и ситните политички поени,Видовме како работи СДСМ за европската агенда: „договорено е со Врховен“, „без Заев не се може“, „трас-трас и ете одлука на Врховен суд“, „Катица знае за се што треба да се случи“, или закон за СЈО или одлука на Врховен суд ама случаите ќе паднат. Ете тоа е вистината.

Жалиме што СДСМ не може да излезе од заевата матрица на функционирање, за своите неуспеси да наоѓа вина во европските партнери, ВМРО-ДПМНЕ или други политички субјекти во Македонија. Растечката корупција, економскиот колапс и безнадежноста на граѓаните галопирачки растат токму поради владеењето на Заев и тие параметри се видливи и за домашната, но и за европската јавност.Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судијаКлучен доказ дека мафијата има своја држава.Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини