ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во земјоделието создаде случај „зелена мафија“

од Nikola Popovski

Од ВМРО-ДПМНЕ реагирале на денешната изјава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, велејќи дека власта на Заев како и во секој аспект од своето владеење, така и во земјоделието создаде мафија, во овој случај зелена мафија.

„Оваа мафија го девалвира трудот на земјоделецот и ја руши цената на македонскиот земјоделски производ. Во текот на овие три години, речиси да нема ниту еден сегмент од земјоделието да не се соочи со проблеми, а власта на заев наместо да нуди решенија и да се справува со проблемите, беше фрлена на криминал и корупција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, на земјоделците им ветувале загарантиран откуп, високи цени и нови пазари, а наместо тоа бевме сведоци како се пали тутунот, јаболката, раноградинарските производи, лубениците беа фрлани на буниште, млекото истурано по патиштата.

„Кога земјоделците дојдоа на протести, полициски оклопни транспортери беа поставувани пред владата за да го штитат Заев од народот. Нема ништо од ветениот интеревентен фонд кој го најавуваше во 2016 година кој требаше да ги обесштетува земјоделците во услови на непогоди или ниски откупни цени. Едно исто Земјоделското земјиште го доделуваа на двајца различни субјекти, а субвенции и државна помош добиваа лица од партиски списоци или блиски на функционери на СДСМ“, се вели во соопштението на опозициската партија.

За ВМРО-ДПМНЕ, земјоделците видоа на дело што значи неодговорната и неспособната власт на Заев и затоа поддршката ќе ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што знаат дека со ВМРО-ДПМНЕ имаат сигурен партнер во развојот и унапредувањето на земјоделието.

 

Слични содржини