ВМРО-ДПМНЕ: Се носи закон за попис кој нема општествен консензус

од Nikola Popovski

„Намерата на власта да спроведе попис без почитување на европските стандарди и според методологија на Заев е гаранција дека тоа нема да биде статистичка туку политичко-пазарџиска операција“, велат од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, во скратена постапка, без претходна јасна методологија се носи закон за попис кој нема општествен консензус.

„Дополнително тоа што истиот попис е врзан со врзан потпис, говори дека се подготвува фалсификат од кој нема да има корист никој, а најмалку Македонија.

Голем број земји во Европа ги одлагаат своите пописи поради епидемијата, а Заев насила турка попис за да може да ги прикрие своите однапред штелувани резултати.

Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставуваат на политичкиот пазар на Заев и доколку власта оди со носење на овој насилен закон, спротивен на европските стандарди за попис, ВМРО-ДПМНЕ ќе почне иницијатива на собирање потписи во Министерството за правда и како резултат на таа иницијатива ќе достави предлог-закон во Собранието со кој што ќе се поништи законот за попис“, стои во партиското соопштение.

Слични содржини