ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска испратила несоодветен персонал во Авганистан (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Скандал го тресе Министерството после испраќањето на последната воена мисија во Авганистан. Со лична, партиска и политичка, а не професионална одлука, Шекеринска упати несоодветен персонал во последната мировна мисија“, вели денеска Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

„За тоа колку е мотивиран и професионален персоналот што го испраќа во Авганистан говори и фактот што дел од кандидатите воопшто не биле заинтересирани, ниту се јавиле на конкурсот распишан од министерството. Значи, дел од кандидатите кои Шекеринска ги испраќа ниту ги имаат поминато здравствените и физичките тестови предвидени со конкурсот, ниту за нив е направена проверка дали ги поседуваат соодветните НАТО сертификати, ниту е утврдено дали го познаваат англискиот јазик на неопходното ниво од 70%“, тврди Нацев.

Слични содржини