ВМРО-ДПМНЕ со 4.000 амандмани спречува вработените во СЈО да земат плати

од Aleksandar Todeski

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачката ДУИ со илјадници амандмани го блокираат Собранието навремено да ги донесе измените во неколку клучни закони.

Четири илјади амандмани се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавнообвинителска служба, кој е предложен со цел вработените во Специјалното јавно обвинителство да земат плати, но и да се платат месечните трошоци на СЈО, со што тие не би останале без струја, вода и слично. Пратениците од партијата поднесоа и 950 амандмани на Законот за Академијата за судии и обвинители, затоа што според нив тој бил антиреформски.

За блокирање на дебатата за измена на изборниот модел, на опозицијата се вклучи и владејачката ДУИ. Вкупно 6.200 амандмани се поднесени за побараните измени во Изборниот законик, 600 амандамни за предлогот за една изборна единица и уште 600 за отворени листи од ВМРО-ДПМНЕ и вкупно 5.000 амандмани за овие два предлога од ДУИ.

Од владејачката СДСМ посочија дека дебатата за промена на изборниот модел е почната пред неколку месеци, кога немаше договор за предвремени избори и ги повикаа ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандманите и да почнат дебата.

А.Т.

Слични содржини