ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на буџетот се кратат пари за капитални инвестиции

од Vladimir Zorba

„Кратењата на средства за капитални инвестиции се еден од показателите дека и со овој ребаланс буџетот нема да има никаква развојна компомента“, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно дека остануваат нечепнати уште стотици милиони евра непродуктивни трошења, на сметка на кратењата на капиталните инвестиции, изградби на патишта, болници, и други проекти кои се двигател во секоја економија.

Заради лошите досегашни економски политики оваа власт на СДСМ и ДУИ ја доведе Македонија да биде задолжена над 7 милијарди евра со тендеција тој долг уште да расте, да биде земја со најнизок раст на БДП во регионот, да биде меѓу земјите со највисока стапка на инфлација, да биде земја со 35% од граѓаните во ризик од сиромаштија, да биде земја со најмалку странски инвестиции, да биде една од најсиромашните во Европа итн“, велат, меѓу другото од Белата палата.

Слични содржини