ВМРО-ДПМНЕ со тужба до екс-обвинителките на СЈО: Поднесени кривични пријави за хонорарите

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави за обвинителите од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), за хонорарите кои ги добивале додека работеле таму. Од партијата обвинуваат дека во период од 2015 до 2019 година, СЈО противправно си исплаќале надоместоци и додатоци на плата, со што го оштетиле буџетот за 4.6 милиони евра.

„Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, иако донела Правилник за утврдување и исплаќање на додатоци на плата, не се придржувала кон законите и посебните акти, и неосновано исплатила додатоци на плата на вработените во Специјалното јавно обвинителство во висина од 282.896.000 денари, односно околу 4,6 милиони евра за кои што нема законско покритие, по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност“, рече Стоилковски.

Партијата бара да се изврши суспензија на обвинителите од поранешното СЈО, а Јавното Обвинителство веднаш да постапи по кривичните пријави, и во најкус можен рок да извршат враќање на незаконски стекнатите средства.

Инаку, во септември минатата година, Државниот завод за ревизија во својот Извештај констатираше дека платите и дел од додатоците се согласно законот, но дека еден дел бил исплатен незаконски.

По објавувањето на овој извештај, реагираше и екс-шефицата на СЈО, Катица Јанева, која ја оспори законитоста во постапувањето на  Државниот завод за ревизија и на ревизорскиот тим, велејќи дека е очигледно дека содржината е изготвена по нарачка на Обвинителството, кое во тоа време го истражуваше случајот „Рекет“.

Слични содржини