ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски повикува на избори на 5 јули, во денови кога броиме и над 50 заразени

од Nikola Popovski

Денеска од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на изјавата на премиерот Спасовски дека изборите ќе се одржат на 5 јули.

„Оливер Спасовски повика на избори на 5 јули во деновите кога се достигнува пикот на заразата со над 50тина заразени“, велат од опозициската партија.

Според нив, Оливер Спасовски и Зоран Заев се директно одговорни за секој заразен и починат човек поради заразата со ковид, „затоа што тие наместо во заштита на здравјето, паметот им е во фотелјите“.

„Лошите резултати со кои се соочуваме денес, се последица на лошото менаџирање во текот на изминативе 3 месеци, Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев и наместо да работат самостојно беа само извршител на диктатите и политички желби на Зоран Заев“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Слични содржини