ВМРО-ДПМНЕ: Спорот со Бугарија не е безбедносно прашање

од Nikola Popovski

ОД ВМРО-ДПМНЕ реагираат на средбата на првиот вицепремиер Артан Груби со шефот на Канцеларијата на ЕУ, амбасадорот Гир. Според нив, „Груби и Владата ја фрлаат државата во вештачка криза со издигнување на спорот со Бугарија на ниво на безбедносно прашање“.

-Спорот со Бугарија не е безбедносно прашање, ниту спор кој има безбедносен карактер. Обидот на Груби и на власта да градат на таа теза преговори е поразително за државата.

Македонија е земја членка на НАТО, и со тоа сите безбедносни прашања се затворени. Во рамки на границите на државата има министерство за внатрешни работи кое ја чува безбедноста.

Власта да не наоѓа изговори за нови отстапки и понижувања, велат од најголемата опозициска партија.

На средбата Груби-Гир било истакнато дека целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а од другата страна тоа може да влијае на безбедноста на земјата, на регионот, е заклучокот од средбата.

Слични содржини