ВМРО-ДПМНЕ: Стејт Департментот потврди дека власта врши влијание врз судството и притисок врз новинарите

од Andreja Salpe

Стејт департментот во најновиот извештај за Република Северна Македонија констатира дека судството останува подложно на политичко влијание и со слаба доверба од јавноста. Пoстојат примери на погрешно судско однесување, одложуваната правда и несоодветното финансирање на правосудството кои и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и влијаат врз јавната доверба во правосудството. Власта мора да ги тргне рацете од правосудството, се вели во денешниот извештај на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите лаги дека блескаме, паднаа во вода. После извештаите на Транспаренси, пишувањата на Економист и Блумберг, ова е уште еден во низата меѓународни фактори кои јасно потенцираат на криминогеноста на власта. Криминалот, корупцијата и притисокот врз судството ќе го снема кога ќе падне и Зоран Заев, се до тогаш Македонија ќе биде заробена држава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини