ВМРО-ДПМНЕ: Танцот на Зоран Заев ги загрозува животите на илјадници граѓани

од Nikola Popovski

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција на соопштението на СДСМ и изјавуваат дека криминалот на Зоран Заев и неспособноста, со кои се поклопени институциите овие три години, сега резултираат со загубени човечки животи и непостоење капацитет да се помогне на граѓаните.

„Здравството крахира и веќе не може да одговори на потребите, а СДСМ го обвинува народот дека е неодговорен. Сведоци сме на колапс и на здравствен и на економски план, а танчерот Заев мисли дека ќе се спаси од одговорност со тоа што ќе лаже дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ биле на власт овие три години и дека опозицијата е виновна за катастрофата што ни се случува.

Се поочигледно е лошото менаџирање со кризата, со секој изминат ден има се повеќе жртви.

Македонија додека се наоѓа во опасност, танчерите Заев, Спасовски и Филипче, се фалат како блескаво танцуваат“, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ повикува дека не е време за себепромоција, не е време на популизам. Потребни се итни и ефикасни мерки за доброто на граѓаните, за доброто на Република Македонија.

„Ако СДСМ не знае да се справи, нека ја тргне суетата настрана и нека ја прифати помошта на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во соопштението.

Слични содржини