ВМРО-ДПМНЕ треба да се извинат, затоа што функционери со чиста душа лажно ги прават криминалци, вели Коциќ

од Берта Китинска

„ВМРО-ДПМНЕ треба да се извинат, затоа што функционери со чиста душа лажно ги прават криминалци“, изјави во „ClickPlus“ на ТВ21, пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.

-Јас и СДСМ сме против било каков облик на корупција и криминал и го осудуваме, од друга страна го повикуваме секој човек кој што има информации дека некој функционер направил злоупотреба на својата функција, да го пријави, вели Коциќ.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е најкорумпираната партија и додаде дека тие шират дезинформации за функционерите кои што не поднеле анкетни листови до Антикорупциската комисија.

Слични содржини