ВМРО-ДПМНЕ треба прво да реши што сака пред да се прави референдум, вели Костадиновска Стојчевска

од Берта Китинска

Ние нема да потпаднеме под овие провокации на ВМРО-ДПМНЕ, сметаме дека сега соочени со енергетска криза, ковид криза имаме многу поважна работа од тоа цел процес на развој во државата да застане, само заради тоа што лидерот во сенка од Будимпешта тоа го посакува, порача потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „Жешко политичко лето“

Костадиновска Стојчевска кажа дека ВМРО-ДПМНЕ треба прво да реши што сака пред да се прави било каков референдум.

„Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ побара референдум, прво треба да се изјаснат ќе гласаат или не, бидејќи така беше на референдумот за промена на името, каде што нивниот официјален лидер Христијан Мицкоски ја имаше улогата на ни риба ни девојка, бараа референдум за промена на името, па потоа ретерираа, истото се случи и со пописот, немаа јасен став за ништо“, рече Костадиновска Стојчевска.

Слични содржини