ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го соопшти ставот за референдумот – секој сам да си донесе одлука за гласањето?!

од desk4

Се очекува утре  ВМРО-ДПМНЕ на Централен и Извршен комитет и официјално на јавноста да и го соопшти конечниот став за референдумот. Ваквата информација за 1ТВ ја потврди прес службата на опозициската партија. Според извори на 1 ТВ ВМРО-ДПМНЕ на членството ќе му сугерира на 30 септември секој сам по сопствен избор да донесе одлдука околу референдумот. Ставот на реформаторското крило на партијата јавноста веќе го знае – членството да излезе и да гласа според сопствениот избор, за Договорот со Грција. Неодамна за 1ТВ и Костадин Богданов потврди дека ВМРО-ДПМНЕ размислува меѓу две опции – дали да ги остави граѓаните да решат сами или да ги повика да гласаат против Договорот со Грција…

 -Граѓаните треба да сфатат дека во моментов тие одлучуваат, дадена им е шанса од собранието со самото распишување на референдумот. Сепак, тој е консултативен, статистички ќе се брои кој е за и кој е против и од тие причини секој глас е битен, вели Богданов и потсетува дека барањето за референдум за едно вакво битно прашање стои во сите досегашни програми на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во партијата се уште се разменуваат ставови дали да се повикаат граѓаните самите да решат дали ќе гласаат „за“, „против“ или ќе останат дома или да се повикаат да гласаат против. Верувам, а и ние така се залагаме, дека нема да биде бојкот, изјави Богданов.

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски – денот на стартот на кампањата за референдумот 10 септември го проектираше како датум до кога ќе се знае партискиот став – дали членството ќе го повика на бојкот, дали ќе гласа против или ќе го оддржи референдумот за името.

Мицкоски во неколку наврати посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против  Договорот со Грција, односно промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Слични содржини