ВМРО-ДПМНЕ: Вистинското мото на СДСМ на овие избори е можевме, ама не направивме

од Nikola Popovski

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција во која велат дека Спасовски на средби со своите градоначалници ги препакува истите лаги од 2016.

„Оливер Спасовски соочен со разочараноста од власта на СДСМ, која владее меѓу граѓаните, кампањата ја пренасочи на средби со градоначалниците од својата партија и тесен круг партиски активисти. Народот виде дека неспособната власт на Заев и Спасовски нема направено ништо од ветувањата кои им ги даваа пред три години. Нема ништо од ветените 600 километри автопат, 32 гасифицирани општини, изградбата на училишта и студентски градови, изградбата на болници и клиничкиот центар во Скопје и десетици други лаги кои Спасовски и Заев ги кажуваа тогаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, вистинското мото на СДСМ на овие избори е МОЖЕВМЕ, АМА НЕ НАПРАВИВМЕ.

„СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

 

Слични содржини