ВМРО-ДПМНЕ: Владата да објави каков предлог Заев дал во Бугарија

од Берта Китинска

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тие бараат Владата да објави каков предлог доставил премиерот Заев до бугарската страна.

-Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог? Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани. Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата. Заев преку неговите изјави трајно го минира позициите на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини