ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги замрзна цените откако се поскапи

од Vladimir Zorba

„Одлуката за замрзнување на цените е задоцнета. Замрзнувањето на цените требаше да се случи пред да поскапат производите во малопродажба“, соопштуваат утрово до Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително власта не решава ништо, затоа што граѓаните ги очекува поскапување на цената на струјата.

Според неофицијални информации АД ЕЛЕМ бара покачување од над 20%, а можно е уште поголемо покачување и како барање на МЕПСО.

Само за еден месец заради недостатокот на струја се потрошија скоро 40 милиони евра, а трендот на трошење земајќи ја во предвид актуелната ситуација со енергетските капацитети ќе продолжи.

Нема ниту јаглен, хидро акумулациите се празни, а ТЕЦ Неготино не е ниту на повидок дека ќе почне со работа.

Со оваа влада нема изглед за излез од економската и енергетската криза“, додаваат оттаму.

Слични содржини