ВМРО-ДПМНЕ: Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско

од Берта Китинска

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево преку соопштение реагираа во врска со објавените досега усогласените препораки во македонско-бугарската историска комисија, дека Владата, премиерот Димитар Ковачевски и министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ се откажале од се што е македонско.

„Според препораките, Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија. Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне? Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава“,се вели во писмената реакција.

Исто, така од опозициската партија сметаат дека со препораките на комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажува од македонската историја и македонскиот идентитет.

„СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава. Наместо да излегуваат на прес-конференции и да даваат паушални изјави, и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи“, стои во соопштението.

Слични содржини