ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев стана поим за партизација, непотизам и нечесно работење

од desk2
83 прегледи

Опозициската ВМРO-ДПМНЕ обвинува дека за едно нарачано политичко барање за притвор или одземање на патна исправа, премиерот Зоран Заев ја поставуваа сестра на специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева за заменик претседател во Комисијата за хартии од вредност.

„Очигледно работењето на СЈО како партиска испостава на СДСМ и креирањето на монтирани обвиненија против политичките неистомисленици на Заев сега се наградува со доделување на високи функции на семејствата на обвинителите. Со ваквата кадровска политика, Заев и Јанева ја ставаат под знак прашалник и независноста на работењето на Комисијата од хартии за вредност“, велат од партијата.

Според нив никаде ги нема независноста и професионализацијата на институциите кои им ги ветуваа на граѓаните на Република Македонија. Наместо тоа државните институции станаа места за згрижување на луѓе блиски до картелот на власт.

Слични содржини