ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема план и стратегија за справување со пожарите

од Nikola Popovski

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта не може да се справи со пожарите низ земјава.

-Наместо навремена интервенција гледаме загрозени села и градови, уништени куќи, фарми, имоти, хектари шума и за жал и изгубен живот, велат од партијата преку соопштение.

Од таму додаваат дека владата нема план и стратегија за справување со пожарите.

-Да имаа стратегија немаше да бидат оставени несервисирани трите авиони за гаснење пожар кои сега ќе гаснеа шумски пожари. Но наместо да одвојат 400 илјади евра за сервисирања тие трошат милиони за службени возила, мебел, вработувања и мобилни телефони. Наместо да го разрешат неспособниот Стојанче Ангелов тие го унапредуваат од вд во директор, човекот кој аматерски менаџира криза кој може да чини животи и имоти на граѓани. Впрочем каков премиер, такви и соработници и функционери. Не може да се очекува повеќе од лица кои наместо да превенираат дозволија пожар да дојде до самиот град Кочани, а тие да се забавуваат на приватни прослави на Мечкин Камен, се наведува во соппштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини