ВМРО-ДПМНЕ: Власта продолжуваат непотистичките вработувања

од Берта Китинска

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски се оженил во мај, а веќе во јуни неговата сопруга се вработила во штипската болница, кажа на денешната прес-конференција еден од портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, обвинувајќи дека власта продолжува со непотистички вработувања.

„Штипската болница не е изградена но, тоа не го спречува министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, од антиамакедонската, клептоманска СДС, токму таа болница да е местото каде на најбрз можен начин се вработува неговата сопруга. Тоа што дополнително боде очи во овој случај е што истовремено во штипската болница се ухлебени и сопругата на Бочварски и нејзината сестра, веднаш од клупа, по дипломирање, односно по неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа“, обвини Стоилковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека вработените се примени без распишан оглас на штипската болница.

Слични содржини