ВМРО-ДПМНЕ: За предновогодишна забава Јанчева и Шилегов потрошиле 91.560 денари

од Берта Китинска

Љубица Јанчева и Петре Шилегов со пари на скопјани се гоштевале со скапи јадења и пиеле алкохолни пијалоци стари 12 години.Во предновогодишна забава Јанчева и Шилегов потрошиле 91.560 денари, фактура потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Во повеќе наврати на надлежните сектори им било посочено дека доставата на фактура со дата и архивски број, а без склучен договор од претходната година е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола. За таа намена, Секторот за финансиски прашања доставил службена белешка за ова до Шилегов и секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ.Ова е брутално кршење на законите од страна на функционерите на СДСМ кои спротивно на укажувањата на стручните лица, сепак одлучиле да потпишуваат сметки за реализирани средства за репрезентација, посочува портпаролкатаМарија Митева, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини