ВМРО-ДПМНЕ за церемонијата „13 ноември“: Не даваме легитимитет на партиски инструирани награди

од Nikola Popovski

Шилегов доделил 13 ноемвриска награда на Малески кој смета дека со Бугарите сме еден народ, и на Филипче кому му умреа над 7.000 луѓе, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, откако синоќа градоначалничката Данела Арсовска, вчера не присуствуваше на доделувањето на наградите „13 Ноември“.

Според нив, „со потписот на Шилегов се доделило награда на Денко Малевски кој изјави дека „Македонците и Бугарите се ист народ”, како и тимот за имунизација на Венко Филипче кому му починаа над 7.000 луѓе од корона“.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да даде легитимитет на партиски инструирани награди. На Скопје му треба независна комисија која непрострасно и професионално ќе ги доделува наградите кои имаат важност и тежина, додаваат од најголемата опозициска партија.

Од СДСМ реагираа дека срамно, неодговорно и несериозно е градоначалничката да не присуствува на церемонијата што ја организира Град Скопје, на доделување на една од најпрестижните награди во македонското општество.

Од Град Скопје се уште не излегоа со официјално соопштение зошто градоначалничката не се појавила на настанот.

Слични содржини