Актуелно
Почетна / Македонија / ВМРО-ДПМНЕ: Заев е исплашен од сопствениот народ кој вечерва чекореше за право, правда и крај на криминално рекетарската банда

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е исплашен од сопствениот народ кој вечерва чекореше за право, правда и крај на криминално рекетарската банда

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на говорот на Христијан Мицкоски

Заев е исплашен од сопствениот народ кој вечерва чекореше за право, правда и крај на криминално рекетарската банда. Паниката на Бихаќка е голема. свесни се дека целото раководство на СДСМ е вмешано во милионски криминали преку криминални тендери, грантови и рекет. Свесни дека по 12-ти април Република Македонија ќе стане повторно правна држава.

По 12-ти април правосудството ќе се ослободи од стегите. нема веќе Заев да одредува за кого да се монтираат судски просеци. нема да може Заев да се амнестира себе си и криминалците кои ги собра околу него. Сите од прв до последен ќе одговараат за се што сторија изминативе три години.

Заев нема да се спаси ниту со насила и шверцерски донесениот Закон за јавно обвинителство. Нема да го спаси ниту Русковска, ниту Јовевски.

Политичката кариера на овој исплашен човек е готова. за него повеќе нема место во политиката. Во македонската политика нема повеќе простор за транзициски политичари кои работеа на штета на сопствениот народ.

Вечерва Македонецот ја крена главата гордо високо, се исправи пред неправдите и застана на патот на криминалот и корупцијата. После оваа вечер веќе ништо нема да е исто.

loading...