ВМРО-ДПМНЕ: Замрзнувањето на цените нема да биде доволна мерка за спречување на инфлацијата

од Берта Китинска

Лошите економски политики на владата предводена од СДСМ и премиерот во заминување, Зоран Заев ги донесоа граѓаните до се поголема сиромаштија.Освен за криминалот и полнењето на своите џебови, Зоран Заев и неговите пиуни не мрднаа со прст за да се спречи оваа енергетска криза, која се одразува на целата економија во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според опозициската партија оваа мерка е задоцнета и само ќе го ублажи ценовниот шок, и нема да биде доволна за спречување на инфлацијата.

-Потребни многу повеќе мерки кои треба да се донесат час поскоро, за да се заштити стандардот на граѓаните.Граѓаните ги очекува и зголемување на цената на електричната енергија за над 20 %, а со тоа и уште поголема инфлација и зголемување на сиромаштијата.

Наместо енергетските капацитети во државата да произведуваат електрична енергија, и да бидат подготвени за енергетската криза која и беше нејавувана, Зоран Заев и Васко Ковачевски гледаат само како повеќе да украдат од енергетскиот систем во државата.
Затоа сега државата ќе увезува двојно и тројно поскапа електрична енергија, а цената ќе ја платат единствено граѓаните преку повисоки сметки за струја и преку зголемената цена на основните прехрабени продукти и инфлацијата.

СДСМ и премиерот во заминување, Зоран Заев не се способни да се справат со еконоската и енергетската криза. Тие се способни само за местење на тендери за фамилијата Заеви и криминалот и корупцијата кои ја уништија државата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини