ВМРО на митинг во Софија поради С. Македонија: „Да не дозволиме тргување со националните интереси“

од Vladimir Zorba

ВМРО излегува на митинг пред Советот на министри за заштита на националниот интерес во Северна Македонија. Настанот е организиран денеска, за 11 мај.

„Граѓанската иницијатива #НеЈаПредавајМакедонија се бори за бугарскиот национален интерес и правата на македонските Бугари. Затоа ние од ВМРО цврсто стоиме зад него и митингот-концертот организиран од Советот на министри на 11 мај во 17.30 часот“, истакнаа оттаму.

ВМРО ги повикува „сите достојни и чесни Бугари кои не ги прифаќаат провокациите на Скопје, го осудуваат говорот на омраза на политичарите од другата страна на границата, ја бранат историската вистина и категорично не прифаќаат неправедниот прогон на македонските Бугари, да се приклучат на митингот. Сите ние како народ мораме да бидеме обединети во заштитата на бугарскиот јазик и да не дозволиме тргување со бугарскиот национален интерес во корист на членството на РС Македонија без да се почитуваат никакви услови од нивна страна“, се додава во најавата.

Слични содржини