267
ВМРО-Народна ги поддржува уставните измени, порача денеска пратеникот на партијата, Љупчо Балкоски.
Тој информира дека како партија инсистираат амандманите за измените што побрзо да бидат донесени во Собрание.
-На ниво на коалиција, инсистиравме што побрзо да бидат ставени на дневен ред во Собрание, за да видиме кои се против, а кои се за нив. Со изгласувањето на францускиот предлог и преговарачката рамка, знаевме дека до ноември 2023 дека треба да ги донесеме тие измени. Што побрзо се донесат, ќе бидат подобро за државата за да ги продолжиме преговорите со ЕУ и отворањето на Поглавјатата, рече Балкоски на брифинг со медиумите во Собранието.