ВМРО-Народна: Главен виновник за бугарското вето е Димитров

од Nikola Popovski

По посетата на добра волја на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-Народна партија г-динот Љубчо Георгиевски во Софија, пред да го стават ветото, од неколку бугарски функционоиери му било споментато дека главен виновник за ветото е токму г-динот Никола Димитров и прашањето за појаснувањето на краткото име во Обединетите нации, обвинуваат од ВМРО-Народна партија.

Според нив, бугарската страна една година го чекала Димитров да испрати нота во ОН за која дури не инсистирале јавно да биде објавена, а во која ќе се каже дека зборот Северна Македонија не се однесува на спорниот бугарски дел односно Пиринска Македонија.

-Арогантното однесување на Димитров ги убедило дека токму тоа е намерата со именувањето на Северна Македонија да се направи, велат од партијата и прашуваат:

-Дали човекот има разбрано дека ако ја испратеше таа нота во ОН на време дека немаше воопшто да има вето кон Македонија?!

За жал веќе станува јасно зошто Македонија загуби две години поради кратковидоста на политичар полн со фрустрации од фамилијарниот бугарски комплекс.

После последните интервјуа на г-динот Димитров навистина му препорачуваме да ги прочита колумните и книгите на македонскиот висок интелектуалец Димитар Димитров, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Поранешниот вицепремиер вчера изјави дека веќе предупредил споменувајќи ја македонската нота до ОН за долгото и краткото име и тогаш прашал дали се размислува за тоа да се направи и кажал дека тој чекор ќе ги ослабне македонските преговарачки позиции.

-Тоа што посебно денес ми пречи е и тоа што за жал предупредувањето стана реалност немам причина да ликувам мислам дека напротив чувствувам разочараност бидејќи ние имавме една позиција градејќи ги односите со Бугрија дека „ништо не е договорено додека се не е договорено“ и не може да се прават отстапки од едната страна, тоа што ја потценуваа јавноста во Македонија е начинот како беше ова претставено дека Бугарија нема повеќе да преговара за името тоа е обид за спин, изјави Димитров во емисијата „Топ тема“, додавајќи дека тоа било едно од барањата на Бугарија.

Слични содржини