ВМРО-НП: Францускиот предлог да не се отфрла во атмосфера на хистерија – има елементи кои се во интерес на Македонија

од Берта Китинска

Од ВМРО-Народна партија, велат дека францускиот предлог има многу елементи кои се во интерес на Македонија.

Од партијата на Љубчо Георгиевски сметаат дека предлогот е полезен за надминување на ветото и продолжување на европската интеграцијата на државата.

„Во исто време ги повикуваме сите оние кои го критикуваат францскиот предлог да не го отфрлаат во атмосфера на хистерија туку конкретно да ги критикуваат деловите кои сметаат дека не се во интерес на Северна Македонија.

На тој начин ќе демонстрираат дека сепак го прочитале францускиот предлог“, се наведува во партиското соопштение.

Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев, денеска исто така изјави дека францускиот предлог во моментот е најдобар за надминување на спорот меѓу двете држави.

Слични содржини