Внатрешната контрола во МВР работи на случајот со полицајците од Блаце кои земаа поткуп, вели Спасовски

од Берта Китинска

За полициски службеници кои направија кривично дело во однос на поткупот се поднесени соодветни кривични пријави, вели Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со тоа дали се суспендирани од работа полициските службеници од ГП „Блаце”, за кои се поднесени кривични пријави за поткуп.

– За тоа постојат правилници, постојат упатства како и на кој начин ќе се користи опремата и секако дека покрај дисциплинската ќе има и материјална одговорност во овој дел. Ние известуваме и надлежно обвинителство кое што работи, а тоа е Одделението во ЈО за организиран криминал. Доколку се утврди дека има елементи на сторено кривично дело ќе одговараат и кривично тие полициски службеници коишто го сториле тоа кривично дело. Меѓутоа, мора да се знае точно да се утврди и оние коишто направиле и материјална штета на МВР да си ја покријат таа материјална штета, истакна министерот Спасовски .

Слични содржини